BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

Ниту годинава нема да го гледаме Isle of Man TT, што не го спречи BMW да се присети на своите успеси на оваа трка со лансирање на специјалното издание спортски мотоцикл S 1000 RR.

И покрај тоа што е посветено на познатата трка, ова специјално издание ќе биде достапно само во Франција, а BMW има подготвено вкупно 50 примероци.

Изданието BMW S 1000 RR Isle of Man доаѓа во зелена боја на островот Мен, што го прави уште попривлечен.

Доколку трката се одржуваше оваа година, тоа ќе беше во јуни, а BMW сигурно ќе беше еден од фаворитите, особено што Питер Хикман е во одлична форма, но и рекордер на брзина на патеката Снајфел (Snaefell ) со 217,99 км / ч.

Вкупно, BMW оствари три победи во категоријата Senior ТТ уште од своето деби со првата генерација S 1000 RR. Два триумфи донесе Мајкл Данлоп, а еден споменатиот Хикман.

До новото издание на трката, кое треба да се одржи следната година, барем француските љубители на две тркала ќе можат да уживаат во оваа ограничена серија на врвни спецификации.

Заедно со нив, тука се и М-полуактивната суспензија, грејачите на рачките, темпомат и M Endurance синџирот

Затемнетото ветробранско стакло и фаровите малку потсетуваат на  Endurance Светското првенство.

Како што можете да видите на сликите, тука е и соодветната варијанта на баварскиот четири тркала наречена М3 Berline.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие

Ducati 860 E-Concept

Malaguti подготвува сосема нов модел – Drakon