BMW S 1000 XR, полесен, побрз и поубав

Една од премиерите на BMW на годинешниот саем на мотоцикли EICMA во Миално беше и новиот S 1000 XR…

Базиран врз новата S 1000 RR платформа новиот Баварец со себе ги носи гените на овој супер – мотоцикл и ја поставува во авантуристички спортски формат.

Преведено на обичен народен јазик тоа значи суспензија со подолг „од“, причична заштита од ветер, како и доволно КЅ да ги мами насмевките на лицата кај сите возачи.

Ср во се земено, во BMW го подобриле овој модел во секој поглед.

Пред се, новиот BMW S1000XR има пет (5) kg помала маса од варијантата што е на заминување , што значи дека е тежок 226 kg.

Како што кажуваат Германците, задната вилушка е за 19% полесна.

Исто така и осветлувањето, сега, е во целосна LED технологија.

Новиот агрегат со четири цилиндри во еден ред на располагање ви испорачува моќ од 162 KS (121 kW) на 11.000 в/мин, проследена со 114 Nm максимален момент на вртење на 9.250 в/мин.

Познатото Dynamic ESA на BWM електронско потпирање доаѓа како стандарден пакет на опрема, додека пак Dynamic ESA Pro донесува уште две пред регулирања (Road, Dynamic).

Тука е и инерцијалната мерна единица (IMU) што го покажува остатокот од пакетот на електрониката, во кој помеѓу другото се наоѓаат контролата на пролизнувањето и ABS.

На крај, но никако и помалку важни, се четирите режима на возење во основниот пакет: Rain, Road, Dynamic и Dynamic Pro.

За брзо менување на брзините и за темпомат дополнително треба да се доплати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4