BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година

Новата, втора генерација на BMW Series 2 Coupe (внатрешна ознака G42) се очекува до крајот на оваа 2021 година…

Една од верзиите на новата Series 2 Coupe ќе биде M240i со  бензински мотор, со шест цилинфри, но во гамата ќе бидат и послаби верзии како 230i и 220d.

Исто така, Series 2 Coupe 2 ќе има погон на задните тркала како стандард, додека некои верзии ќе бидат достапни со погон на сите четири тркала.

Од друга страна, втората генерација на BMW M2 Coupe (со внатрешна ознака G87) според некои новости излегува во продажба на почетокот на 2023 година (неговото производство започнува во декември 2022 година).

Тековните информации велат дека новиот M2 Coupe ќе има 3.0-литарски со шест-цилиндри, twin-turbo бензински мотор со околу 450 КС.

Покрај тоа, се очекува новиот М2 да има верзија со погон на сите тркала xDrive.

Исто така, новиот BMW M2 Coupe ќе има поагресивен aero body пакет, тркала М, спортски издувен систем, спортска суспензија, Active M Differential, посилни сопирачки, спортски седишта и спортски волан.

Производството на новиот М2, според некои претходни информации, ќе се одвива во фабриката на BMW во Лајпциг, Германија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seat Leon доби нов TSI мотор со 190 КС

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Наскоро мал SUV на Fiat

Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Aiways U6

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

Најавен нов Volkswagen Multivan

И официјално нова Honda Civic