BMW Series 4 во мека кабриолет изведба

По купе варијантата на Серија 4, Баварците одлучија да ја покажат и кабриолет верзијата за својата „четворка“, но без цврст покрив на преклопување за жал на тие кои се надеваа и на оваа можност иако тоа носи и некои предности….

Иако круна на понудата е неодамна прикажаниот М4, сигурно е дека и стандардните изданија на Серија 4 имаат што да кажат, а деновиве BMW официјално ја претстави Серија 4 во кабрио изведба, која ги задржа естетските одлики на купето.

Клучната разлика меѓу овој автомобил и моделот кој го заменува е тоа што сега е достапен со мек покрив, а од Миинхен велат дека новиот мек покрив помага во намалувањето на тежината, го зголемува просторот во багажникот и овозможува пониско тежиште за автомобилот со што се добива подобро управување.

Покривот може да биде отворен и затворен за 18 секунди до брзина од 50 километри на час.

Капацитетот на багажникот сега е зголемен на 255 литри, односно 34 повеќе од претходно,а мекиот покрив е достапен во стандардна црна боја и опционална Moonlight црна која се истакнува со металик одблесок при директно осветлување.

Како и остатокот од новиот опсег на BMW Серија 4, унапредениот кабрио модел е поголем од својот претходник, односно , автомобилот е 132 мм подолг, 25 мм поширок и 2.5 мм повисока, а меѓуоскиното растојание исто така е зголемено за 40 милиметри.

Кога станува збор за дизајнот, тука нема никакви изненадувања: Напред повторно е забележителна „контроверзната“ голема решетка, додека на задниот дел доминира тенката светлосна група и големиот дифузер.

Серија 4 кабрио може да се пофали со совршена распределба на масата од 50:50.

Најголема новина кога се зборува за механиката е тоа што мануелниот менувач воопшто го нема во понудата, па сите погонски единици се во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

Палетата на мотори е сочинета од три единици и сите се опремени со 48-волтен благ хибриден систем.

Базичната погонска единица е 420i односно 2,0-литарскиот турбобгензинец со  четири цилиндрич со 184 КС и 300 Nm максимален вртежен момент.

По него следува помоќниот 2,0-литарски бензинец 430i со 258 КС и 400 Nm.

Дизелската понуда е застапена со 420d со  190 КС и 400 Nm, а на  врвот на понудата се наоѓа M440i xDrive, односно 3,0-литарскиот шестцилиндричен мотор кој испорачува 374 КС и 500 Nm. Од BMW најавија дека подоцна во понудата ќе се најдат уште два дизел агрегати – 430d и M440d xDrive.

Забрзувањето кај M440i од 0 до 100 км/ч изнесува 4,9 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставен новиот Fiat Tipo Cross кој донесе и facelift на целата гама на Tipo

Специјална Lada 4×4 Black

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition