BMW Seriеѕ 7 со нови дизел мотори во Европа

Очигледно е дека понудата на дизел во големи автомобили сè уште нема алтернатива, па затоа BMW одлучи да го освежи семејството на дизел мотори во Series 7…

Главната новина е инсталацијата на благо хибриден систем 48 V, односно интеграција на стартер- генератор.

Германскиот производител посочува дека микрохибридот ќе овозможи заштеда од 0,4 до 0,6 литри гориво на 100 км.

Покрај тоа, овој систем овозможува дополнително засилување (boost) од 11 КС при престигнување и ненадејни забрзувања.

Моделите 730d и 730d xDrive сега користат три-литарски во линија турбо дизел мотори со шест цилиндри кои развиваат 21 КС и 30 Nm повеќе од порано, односно возачот сега има на располагање 286 КС и 650 Nm.

Преведени во перформанси, овие два автомобили се во можност да забрзаат од 0, до 100 км/ч за 5,9 и 5,6 секунди.

740d xDrive исто така ја зголеми својата моќност за 20 КС и го зголеми својот вртежен момент за 20 Nm. Единицата сега развива 340 КС и 700 Nm, што е доволно за одлично забрзување  од 0 до 100  ккм/ч за точно 5 секунди.

Овие мотори сега се почисти.

Од BMW наведува дека инсталираат нов систем на филтрација за дизел-погонските единици кога станува збор за издувите.

Тоа им овозможува на ова семејство на агрегати лесно да ги помине најновите европски норми во врска со емисијата на штетни гасови.

Германскиот производител исто така посочи дека Seriеѕ 7 ќе добие нови можности за персонализирање на возилото, како на надворешноста, така и во кабината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS