BMW serieѕ 8 во First edition верзија скапа играчка за само 400 одбрани!

Освен што ќе седат зад управувачот на лимитирана серија, сопствениците на новата „осмица“ ќе добијат и поголема ексклузивност ако е тоа воопшто можно!

Едно е сигурно, First edition изведбата на Баварците ќе им донесе дополнителна заработувачка, a на сопствениците задоволство.

Како и да е лимитираната изведбата наскоро ќе пристигне на пазарот во верзија M850i xDrive Coupé  и од компанијата од Минхен гарантираат потполна ексклузивност.

Особено, серијава, својата посебност ќе ја истакне во внатрешноста, на начин што „осмица“ ќе добие BMW Individual изглед, како и исцрпен попис на опремата за спортски, елегантен дизајн.

Ова ексклузивно, специјално издание  ќе биде лансирано во јуни тековната  2019-та година.

Како што веќе рековме BMW M850i xDrive Coupé First Edition ќе биде произведен во лимитирано издание од само  400 примероци, а колку од нив се наменети за нашиот пазар е илузорно и да се праша.

Можеби еден единствен примерок ќе може да се појави на нашите сообраќајници, а големи се и шансите да нема ниту еден!

Инаку едицијата е навистина моќна и располага со ергеле од 530 KS.

Кога станува збор, пак за цената, можеме со сигурност да кажеме дека ќе биде поскапа во однос на стандардната изведба и тоа за 15, до20.000 евра.

Веруваме дека тоа нема да претставува проблем истата да биде распродадена и пред официјалниот старт на продажбата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Citroen најави нов електричен автомобил

Изберете име за некои од новите модели на Lada!!!

Новата Hyundai Sonata има дигитален (паметен) клуч!

Genesis планира сериско производство на електричното купе!

Nikola со off road возила, воден скутер…!?

Hyundai со нов crossover Cretan во Шангај 2019

Volvo XC60 со Plastics Recycling Awards Europe

ŠKODA KODIAQ, OCTAVIA SCOUT и SUPERB – Најдобри возила со погон на сите тркала

Во Bentley подготвуваат поголем SUV