BMW со нови аеродинамични фелни од лесни легури

Од BMW ја претставија новата генерација на лесни и аеро-динамично лиени фелни, што ќе дебитираат на моделот iX3 тековната 2020 година…

На актуелните автомобили тркалата се најголем генератор на аеро динамични отпори. Фелните и пневматиците создаваат дури до 30% од вкупниот аеродинамичен отпор, што експоненцијално расте со зголемување на брзината на возилото.

Исто така фелните и пневматиците ја претставуваат така наречената не потпрена маса, па за постојан контакт со подлогата, удобноста во возењето и динамиката на возењето, од големо значење да се сведе масата на тркалото со пневматикот на најмала можна мерка.

Поради тоа не изненадува тоа што интензивно се работи врз решенија што донекаде ќе ја намалат бројката од 30%.

И BMW, годинава, за својот потполно електричен модел iX3 ќе претстави и потполно нова генерација на лиени фелни.

Изработени се од нова генерација на легури на алуминиум што овозможи заштеда на масата  за15%, а со својата специфична форма на централниот дел отпорите на аеродинамичноста ги намали за 5%.

Во BMW потенцираат дека за производство на новите фелни во два дела не се потребни дополнителни алати или посебни машини, а специјалните аеродинамични, додатоци се вметнуваат во основното тркало по процесот на лиење и обработка на фелните.

Кога ова унапредување на тркалата ќе се преточи во реалност, односно се измерат по WLTP циклусот, потрошувачката на енергија на iX3 се намалува за  2%, односно за 0.4 kWh/100 km, a на секои 100 km се зголемува автономијата на возење за 10 km.

Новите аеродинамични тркала ќе дебитираат во текот на оваа година на моделот BMW iX3, a наредната 2021 година и кај моделите BMW iNext и BMW i4, a како и до сега на вообичаени фелни, купувачот ќе може да бира боја, и блескав или мат финиш на обработката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA со помош на Rimac подготвува електричен автомобил

VW со супер брзи полначи за EV за кои не е потребна посебна инфраструктура

Lexus EЅ со камери наместо ретровизори

Automechanika Франкфурт и APRA Europe промовираат нов одржлив тренд- префабрикување!

Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала