BMW стартува со производство на новата Serieѕ 4 и освежената Serieѕ 5

BMW,  издададе и официјално соопштение, во кое се најави стартот сериско производство на новата генерација на Serieѕ 4, освежената Serieѕ 5 и 6 GT, во производните капацитети лоцирани во Динголфинг (јужна Баварија)….

Се разбира, новата „четворка“ сепак привлекува најголемо внимание на производните линии, додека рафинираниот модел од Serieѕ 5, вклучително и производство на M5 и Serieѕ  5 Touring, имаатисо така голем значај за брендот.

Сите возила со четири и шест цилиндри сега ќе понудат не само поостар дизајн, туку и високо ефикасна 48-волтна блага (mild) хибридна технологија, обезбедувајќи подобри перформанси при возење со помала потрошувачка на гориво и зголемена удобност при возењето.

Новата BMW series 6 Gran Turismo ќе ја добие истата технологија.

Кристоф Шредер (Christoph Schröder), раководител на фабриката н BMW Group во Динголфинг изјавил: „Започнување со производство на пет модели во исто време бара прецизно планирање и висока концентрација низ целата фабрика. И покрај привремената суспензија на производството и рестартирањето во една смена, во услови на претпазливост поради корона вирус, успеавме да го ослободиме новиот BMW serieѕ 4 Coupé, BMW serieѕ 5 и BMW serieѕ 6 Gran Turismo, според распоредот, со највисоко ниво на квалитет. Ова е големо достигнување за целиот тим на Динголфинг и целиот синџир на процеси, што заслужува моја голема почит, но и на сите љубители на марката “.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Daimler плати 1,5 милијарди долари за Регулаторот да ја запре постапката против него

Автомобилската индустрија во ЕУ произвела 2,4 милиони возила помалку

Есенски изненадувања од FIAT!

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!