BMW X електричен концепт со батерии во приколката

Во текот на последните неколку години, стана јасно дека електричните мотоцикли полека, но сигурно ќе станат „мејнстрим“…

Денес, голем број компании, како нови, така и големи имиња во индустријата, работат на електрични креации на две тркала.

За повеќето од тие машини, на кои во моментов се работи – затоа што има повеќе од нив во процесот на развој отколку на патиштата – автономијата веќе не е проблем.

Бројот на станици за полнење, барем на Запад, се зголеми во последните неколку години, а батериите стануваат сè поголеми.

Но, што да правиме со електрични модели, чија цел е да ги доведат возачите таму каде што нема станица за полнење?

Во моментов, барем колку што знаеме, никој не работи на мотор што би се издвоил до тој степен со својата автономија.

Мотоциклот што го гледате овде, за жал, сè уште не е повеќе од рендеринг, но покажува како електричните авантуристички модели би можеле да се справат со прашањето за автономија.

Работата на дизајнерот Јаго Валин и првично замислена како модел на BMW, тој ги зема дизајнерските елементи од custom креации на шпанската работилница El Solitario MC и создава „пакер” што дефинитивно никогаш не сме имале шанса да го видиме досега.

Посебно внимание привлекуваат страничната приколка, во која нема место за патници, но чија цел е да се носи товарот, но и дополнителни батерии кои би овозможиле поголема автономија во отворени услови.

Тоа е секако иновативно решение, но како би изгледало на вистинска креација на две тркала сè уште нема да може видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат