BMW X6 во Vantablack црна, најцрната од сите црни бои!

Од BMW го претставија новиот  X6 обоен во Vantablack црна боја која е позната како најтемната црна боја на светот…

Автомобилот ќе има премиера во Франкфурт на 10 септември на салонот за автомобили и веројатно ќе биде една од атракциите на годишното биенално издание IAA 2019 .

Имено, засега не ни е познато дека некој друг автомобил добил вакво премачкување на својата надворешност.

За прв пат Vantablack бојата e претставена во  2014 година од страна на компанијата Surrey NanoSystems.

Таа боја апсорбира 99.965% од светлината што е доволно на човечкото око 3D објектите да му изгледаат во две димензии.

Како што оваа боја се поигрува со  човечкото око, односно со умот, можете да видите и од приложените фотографии.

Површината е составена од ситни јаглеродни нано цевчиња што се околу  5000 пати потенки од човечко влакно од коса, што значи дека од прилика милијарда на тие ситни нано-цевчиња   може да се сместат во еден квадратен сантиметар.

Понатаму тоа значи дека речиси сета светлина што паѓа на површината се впива, a не рефлектира од површината.

Бојата Vantablack што го краси BMW X6 e VBx2 варијанта на таа боја што е оригинално развиена за употреба пред се во научни цели.

За разлика од оригиналниот Vantablack што ја апсорбира речиси сета светлина, VBX2 овозможува 1% од светлината да се рефлектира од површината.

На тој начин тие што го гледаат автомобилот се уште можат да ја видат неговата форма.

Ова премачкување може да се нанесува како и обичната боја.

„ Да бидеме искрени, примивме повици од повеќето големи производители на автомобили, речиси од денот кога во 2014 година го лансиравме оригиналниот материјал, но секогаш одговаравме со – не”, рекол пронаоѓачот на Vantablack бојата и основач на компанијата Surrey NanoSystems.

„Тоа делумно е последица и на фактот дека сме добиле соодветен материјал дури откако се појавивме со VBx2. KКога се обративме до BMW, се уште во многу што преовладуваше двоумењето. Но новиот X6 изгледал така неверојатно поинаку така што оваа комбинација се чинеше одлична идеја.“

Засега нема никакви службени информации, но треба да очекуваме дека таков X6 ќе остане само изложбен примерок за салони и слични големи манифестации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW инвестира 2,6 милијарди евра во „старт-ап” компанијата Argo AI

Најавен Maserati Ghibli Hybrid

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!