BMW XM Concept

На 29 ноември, BMW  го најави концептот „High Performance, Electrified“ XM, како најава за серискиот модел кој се очекува да се појави во текот на следната 2022 година.

Баварците сега објавија неколку нови тизер (најавни) слики, истакнувајќи дека XM Concept е нај-експресивната изјава во речиси 50 години постоење на BMW M дивизијата. Некои гласини, исто така, велат дека концепт возилото може да има plug-in хибриден погонски систем со вкупно 750 КС (4,4 литарски V8 twin-турбо мотор и електричен мотор), погон на сите тркала, како и емисија на CO2 помала од 100 грама. на км.

Во врска со името XM (претходно го користеше Citroen), некои медиуми наведуваат дека Французите и Германците постигнале џентлменски договор со кој се овозможува BMW непречено да го користи ова име.

Што се однесува до серискиот модел, тој би требало да има три реда седишта, можеби во конфигурација со шест седишта, но тоа не е потврдено.

Во палетата на мотори, според претходните гласини, можеме да очекуваме бензинци и дизели  сo шест цилиндри, со блага хибридна технологија, потоа 4,4-литарски twin-турбо V8 со 523 КС за верзијата X8 M50i, како и врвна plug-in хибридна варијанта со споменатите 750 КС чие појавување на автомобилската сцена може да се очекува  во текот на 2022 или 2023 година (со поагресивен aero body kit, потоа M алуминиумски тркала, спортска суспензија и сопирачки, нов издувен систем, како и префинет ентериер со спортски седишта и спортски волан.

Возилото треба да има два дисплеа од 12,3 инчи во внатрешноста, заедно со најсовремен информативно забавен систем iDrive.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС