Болид без возач „јури“ со брзина повисока од 300 км/ч!

Минатата среда во вселенскиот центар Кенеди (Kennedy) на NASA во Кејп Канаверал (Cape Canaveral), автомобил создаден од италијанскиот PoliMOVE го собори светскиот брзински рекорд за целосно автономно возило….

Екипата на Политехнико (Politecnico) постави рекорд еден ден претходно, но реши да ја подигне границата и да ја подобри максималната брзина.

Така, следниот ден автомобилот на PoliMOVE го надмина сопствениот рекорд и достигна брзина од неверојатни 309,3 km/h, пренесуваaт светските информативни агенции.

Оваа брзина беше добиена како просечна во два последователни обиди во спротивни насоки (да се елиминира влијанието на ветерот). Претходниот рекорд го држеше Roborace (282,42 км/ч).

– Видовме што носи иднината за автономните возила и заслугата е на целиот тим на PoliMOVE – изјави проф. Серџио Саварези (Sergio Savaresi), шеф на тимот на Politecnico di Milano.

– Болидот работеше само на алгоритми, каде прецизноста е најважна, а најмала грешка во предвидувањето можеше да направи сосема поинаков исход.

Ова возење беше возбудливо, воодушевени сме од светскиот рекорд, но и возбудени од фактот што оваа информација ќе биде достапна за сите.

Сите ќе имаат корист од нашата работа – заклучил Саварези.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро сериски  BMW XM

Ѕирнете во „тајниот склад“ за автомобили на Volkswagen затворен за јавност

Nissan најави возење од Северен до Јужен пол со електричен автомобил

Блиндиран Cadillac Escalade   

Hertz, во „rent-a-car“ понудата го имал и Shelby GT350

Се погласни се шпекулациите за голем седан на Alfa Romeo

LaFerrari Aperta продааден за 5,3 милиони долари

Aston Martin DBX707

Mercedes го продаде најскапиот автомобил на светот за 135 милиони евра