Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

За неверојатно верната реплика (однадвор) на прототипот Tesla Cybertruck од Мостар пишувавме пред извесно време кога на социјалните мрежи се појавија првите фотографии и видеа од на компанијата на Елон Маск…

Видеото и фотографиите станаа вистински хит на социјалните мрежи, па новинартите ја „ископаа“ целата приказна за оваа реплика.

Имено, технолошка компанија STARK, од Мостар и нејзиниот сопственик Игор Крезиќ и директорот Марио Ќориќ со својот тим на луѓе смислиле и реализирале идеја да направат што е можно поверодостојна копија на оригиналот.

Сопственикот на компанијата е голем фан на Ford и на Tesla, па затоа одлучиле како основа за нивното возило да го искористат Ford F-150, што значи дека овој модел нема погон на електрична енергија како оригиналниот Cybertruck, но сепак изгледа прилично убедливо.

Погледнете го видеото во кое се споделуваат повеќе информации за самиот проект, но и за реакциите на луѓето во Мостар кога за прв пат го виделе „електричниот камионет на Tesla“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден