BOSCH ја напаѓа Европа поради сеопфатната електрификација!

Судејќи според најновите информации, Bosch не се откажува од моторите со внатрешно согорување.

Како што објавија од The Financial times, Bosch ја нападна големата фиксација на Европската унија со електрични погони.

Велат дека првиот човек на Bosch, најголемиот снабдувач на делови за автомобилската индустрија, Волкмар Денер (Volkmar Denner) ги критикувал мерките насочени кон искоренување на моторите со внатрешно согорување, обвинувајќи ја ЕУ дека има многу ограничени ставови.

“Климатските промени не значат крај на моторите со внатрешно согорување. Крајот е за фосилните горива. Исто како што електро мобилноста и полнењaтa од алтернативни извори го прават сообраќајот на СО2 неутрален, тоа исто така се однесува и  горивата што се обновуваат”, одлучно говори Денер.

Најмногу му пречи ексклузивноста на одредени компании, како што се Volvo и Volkswagen, кои не размислуваат за водород, туку едноставно го запираат развојот на моторот. И со оглед на претстојниот стандард Еуро 7 и драстичниот раст на популарноста на електричните возила (Германија, + 143% во 2020 година), малкумина очекуваат бензински мотори да преживеат.

Bosch призна инвестиција од 5 милијарди евра во технологии за електро-мобилност, но тврди дека дизел и бензински мотори „веќе немаат забележително влијание врз квалитетот на воздухот“.

Затоа, еден член на одборот за Тех Financial Times изјави дека Bosch ќе продолжи да инвестира во развој на мотори со внатрешно согорување уште најмалку 20 до 30 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault Arkana изненади на слалом тестот 77km

Роботизиран пешачки преми. Вештачка интелигенција одлучува за интервалите

Hyundai подготвува перформанс модел на струја

FIAT 500 со Safety mode на батеријата штеди струја каки мобилен телефон

Во Кина претставен EV што прочистува воздух!

По Volvo и Renault ја ограничи брзината на своите возила на 180 км/ч

Renault E – Teck и LEGO

Alfa Romeo ja напушта Giorgio платформата

Toyota развива нов Hydrogen мотор