Bosch воведува 3D дигитална инструмент плоча!

Подобра видливост на важните информации со реален ефект во три димензии  ќе ја зголеми безбедноста во возењето, а технологијата без оптички помагала ќе го олесни големо сериското вградување …

Откако дадоа голем придонес на широката примена на системот HUD (head-up-display), во Bosch  подготвуваат и систем 3D на дигиталната инструмент плоча, за масовно користење во автомобилската индустрија.

Реалистичниот три димензионален приказ на важните информации за возачот ќе овозможат подобра контрола и ќе го олеснат управувањето, без потреба на користење на посебни помагала (специјални 3D очила ).

Паралелно, на ова поле, работат и други,па така електро – информатичката компанија Visteon од САД,  за новиот  Peugeot 208 веќе развива систем со странични огледала на инструментите што овозможуваат 3D ефект.

Од Bosch, пак, наспроти тоа, се потпираат на пасивен 3D систем, што не бара примена на оптички помагала и  3-димензионалниот приказ го остварува  (симулира)со посебна технологија на екранот.

Од Bosch потенцираат дека тоа ќе ја олесни примената и ќе ја намали цената, што истата технологија ќе ја направи достапна и во автомобилите што се произведуваат во високи серии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иднината на горивните ќелии и хидроген возила се по розова

Volkswagen ID.3 ќе комуницира со патниците

 Hyundai со хидроген инфраструктура за камиони со горивни ќелии

Audi електричните возила ќе ги гради на четири платформи

Виртуелен авто механичар!

VW со мал електричен автомобил поевтин од 20.000 евра

Land Rover Defender со технологија за далечинско управување!?

Со новата Škod, купувате и Laurа – нова асистенција во возењето!

Висока ефикасност: Нова Opel Corsa и Opel Astra со LED фарови што штедат енергија