Bose со решение за анулирање на бучава во автомобилите

Бучавата во автомобилите е еден од поголемите проблеми во индустријата бидејќи ги принудува производителите да инвестираат и да применуваат разни изолации со кои автомобилите стануваат, ем потешки, ем поскапи

Овој проблем би требало да биде уште понагласен со пошироката имплементација на електричните возила.

За разлика од бензинските и дизел автомобили, каде моторите со внатрешно согорување ја „маскираат“ бучавата и вибрациите што доаѓаат и се пренесуваат од патот преку гумите и суспензијата, електичните погони се речиси целосно тивки.

Во Bose веруваат дека нивната технологија за редукција на бучава, иницијално лансирана на слушалките, може во целост да ги анулира непријатните звуци при возењето.

Системот користи акцелерометри, софтвер за процесирање на звуци, микрофони и звучници за во секој миг да ги мери вибрациите и звуците, a тогаш во реално време да создава сигнали за акустично анулирање на бучавоста.

Системот е дури и во можностда ја аначизира бучавата за секој патник посебно и индивидуално да ги прилагоди сигналите за анулирање на бучавата што доаѓаат од звучниците.

Системот QuietComfort во сериско производство, односно неговата имплементација во возилата би требало да биде достапна веќе од средината на 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

ZF co паметна трансмисија на силата!

Ducato MY2020 electric: повеќе технологија, поeфикасeн и со поголема вредност!

Поминаа  60 години откако Volvo ни го подари безбедносниот ремен!

Претставена автономната BMW Series 7!

KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

ACEINNA со нова сензорска единица за инерцијални мерења!!!