Brabus Shadow 300 Edition One

Брендот Brabus Marine го претстави новиот глисер Shadow 300 Edition One во Мајорка, дизајниран да биде брз и луксузен.

Глисерот го придвижува 4,6-литарски Mercury 300R V8 „тркачки“ мотор, долг е 7,6 метри и може да достигне брзина од 93 km/h.

Покрај тоа што е брз, глисерот е агилен и лесен за управување, а не недостасува и луксуз. Има карбонска контролна табла, а опционално е да се добие и карбонска фотелја. Кабината е обложена со кожа и алкантара, а глисерот покрај креветот и тоалетот има и систем за вода за пиење.

Незадолжително е да се набави мијалник и фрижидер, кои ќе бидат корисни за подолги патувања. RGB осветлувањето на палубата може да се користи за забави, како и подводни светла и опционален систем за звук JL. Глисерот е опремен и со безжични полначи за мобилни телефони и два мултифункционални Simrad екрани од 12 инчи.

Има и систем за паметен графикорач кој има моќна навигација за да го олесни истражувањето на околината.

Првиот модел од понудата на Brabus Shadow 300 ќе биде Edition One, кој беше изложен на настанот Axopar Customer Days во Мајорка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро сериски  BMW XM

Ѕирнете во „тајниот склад“ за автомобили на Volkswagen затворен за јавност

Nissan најави возење од Северен до Јужен пол со електричен автомобил

Блиндиран Cadillac Escalade   

Hertz, во „rent-a-car“ понудата го имал и Shelby GT350

Се погласни се шпекулациите за голем седан на Alfa Romeo

LaFerrari Aperta продааден за 5,3 милиони долари

Aston Martin DBX707

Mercedes го продаде најскапиот автомобил на светот за 135 милиони евра