Brexit ќе ги чини производителите 11 милијарди евра

Според Николас Петер, шефот на финансии на производителот на премиум автомобили од Минхен – BMW, излезот на Велика Британија од ЕУ ќе ја чини индустријата 11 милијарди евра, освен ако властите не најдат начин да ги зачуваат работите како што се сега, односно како кога В.Британија беше членка на ЕУ…

Автомобилските производители ќе се соочат со загуба од 11 милијарди евра доколку излезот на Велика Британија од Европската унија не се регулира кога станува збор за автомобилската индустрија.

 

Ова значи дека ако не се зачуваат досегашните пракси на меѓуграничната размена, како што се бесплатните тарифи и речиси непостоењето на бирократија.

Во меѓувреме, германскиот бренд потроши неколку милиони евра оваа година за да се подготви за Brexit, изјави Николас Петер, извршниот шеф за финансии во BMW.

„Асоцијацијата на автомобилски производители ACEA процени дека производителите и добавувачите би можеле да се соочат со загуби од 10 до 11 милијарди евра. Потребна ни е без -тарифна размена. Дури и тогаш, потребно е да биде беспрекорно. Ние имаме навремен производствен систем, па така административните процеси при царините треба да бидат ефикасни“.

Директорот на BMW смета дека Британија треба да се држи до барањата за емисии на ЕУ со цел производителите да можат да ги продаваат истите модели и конфигурации на сите европски пазари.

Тој исто така нагласи дека големите барања за електрични и хибридни модели му помогнале на BMW да остане во чекор со проектираните регулативи за флотна емисија на штетни гасови за 2020 година.

 

По ова, BMW ќе започне со продажба на првиот целосно електричен crossover модел со ознака (име) iX3, кој, деновиве, започна со производство во Кина, но наменет е за глобалниот пазар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија