Брисел Осло и Париз ги протераа автомобилите од центар на градот

Светскиот економски форум во видеото посветено на борбата против загадувањето наведува како три града во Европа ги промениле строгите централни подрачја на градовите со тоа што ги „протерале“  автомобилите од истите…

Осло, главниот град на Норвешка, ги укина речиси сите места за паркирање во центарот на градот. На тие површини се поставени клупи, велосипедски патеки и мали паркови и зелени површини.

Париз во целост го забрани сообраќајот во тек на еден ден во секој месец  – така што е избрана недела, кога за сообраќај се затвораат сите улици во четири централни они на градот на светлината.

Научниците утврдиле дека во тек на тој ден, за 25 % се намалува нивото на азот дво оксид во воздухот, еден од токсичните, издувни гасови од автомобилите, што предизвикуваат оштетувања и заболувања на дишните патишта.

Исто така и во Брисел, престолнината на Белгија и административниот центар на Европската унија е намален бројот на паркинг местата  во улиците за една четвртина, со цел да ги одвратат луѓето да доаѓаат со сопствени автомобили во центарот на градот.

Имено, Властите во Брисел претвориле дури 65 илјади места за паркирање во нов простор за пешаци, велосипедисти и градскиот превоз.

Помалку автомобили, автоматски значи и помало загадување, по безбедни и помалку бучни улици, полесно движење на пешаците и велосипедистите и со еден збор поздрава животна срдина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Привремено запрено производството на Audi E-Tron

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Новат Оpel Corsa Автомобил на годината во Македонија за 2020!

Range Rover Evoque најомилен компактен SUV во Европа

Auto, motor und sport: Abarth 595 е Најдобар автомобил пет години поред

Произведени седум милиони Škoda Octavia!

Volkswagen официјално го покажа лицето на новиот Golf GTI

Пад на побарувачката на нови автомобили на почетокот на годинава во Европа

VW Group повторно ја одложи одлуката за фабрика во Турција