Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Станува збор за Дејвид Френклин, од Велика Британија, кој во последните шест децении поседувал дури 55 различни примероци на производителот од Италија – Fiat….

Дејвид вели дека неговата сопруга е од Италија и тоа е можеби една од причините зошто има толку голема љубов кон Fiat, но главниот момент е всушност од поинаков карактер. Тој смета дека моделите на овој италијански производител на возила се најдоброто што можете да го добиете за пари, а иако Fiat нема најдобра репутација за доверливост, Дејвид тврди дека неговото искуство било повеќе од позитивно.

Сè започна во далечната 1963 година кога повеќето Британци го возеа познатиот BMC Mini, но Дејвид одлучи да инвестира во Fiat 500. Оттогаш, тој смени 55 автомобили и моментално го користи електричниот Лилипутанец со ознака „500“ за секојдневно возење. Дејвид сака и да патува низ Европа, а особено ужива да оди во Италија каде секоја година оди да го посети семејството на својата сопруга.

Некои ќе помислат дека автомобилот, веројатно често се расипувал и имал механички проблеми, но Британецот тврди дека тоа не е точно и дека тоа се случило само еднаш со моделот 850 Coupe. На прашањето кој Fiat му е омилен, Дејвид вели дека уживал во секој од нив и дека биле уникатни и забавни за возење.

Конкретно, тој го пофали автомобилот Multipla (повеќе наменско возило – Multi Purpose Vehicle MPV) како најпрактичниот автомобил што го поседувал, благодарение на можноста да седат шест возрасни лица во два реда седишта и одличното однесување при свиоци поради неговата голема ширина.

Тој забележува дека Multipla била и најгрда, но тој детал е лесно да се игнорира кога сте зад воланот. Тој го пофали и сегашниот електричен 500 и вели дека не верувал дека на 84 години ќе може да вози електричен автомобил. Тој има многу позитивно мислење и за споменатиот модел 850, иако го оставил на пат, а посебни искуства имал и со легендарниот Tipo 16v од раните деведесетти.

Дејвид ни кажува дека љубовта кон Fiat сега е во целото семејство бидејќи неговиот син неодамна купил Uno turbо. И што е следно? Па, се разбира, патување во Италија на годишен одмор. Што да кажеме освен, секој чест и само напред во уживање со управување со своите миленици на четири тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Czinger 21C V Max

Gunther Werks Project Tornado