Британците решија да изградат тунел вреден 2,2 милијарди евра во близина на Стоунхенџ

Стоунхенџ е еден од најпознатите праисториски споменици во светот, кој носи и сообраќајни проблеми за локалното население бидејќи во близина на знаменитоста се создаваат огромни сообраќаен метеж.

Сега британската влада одобри изградба на тунел вреден 2,2 милијарди евра веднаш до Стоунхенџ, пренесуваaт светските информативни агенции. Причината за изградба на тунелот е да се зголеми сообраќајниот капацитет и да се тргне сообраќајот надвор од видното поле на споменикот.

Со оглед на тоа што А303 е главниот пат што ја поврзува Југозападна Англија со Лондон, пренасочувањето на сообраќајот околу Стоунхенџ очигледно не беше опција, или пак е премногу скапа опција, а поради тунелот А303 ќе има континуирана ширина од четири ленти наместо двете ленти што ги има во моментов.

Но, не е сè без контроверзии. Според ВВС, во некои области има силно противење на проектот, а Инспекторатот за планирање на владата на Велика Британија изјави дека тунелот ќе предизвика трајна и непоправлива штета на античкиот споменик.

Местото е старо повеќе од 5.000 години и е заштитено со закон, што ја прави одлуката за негова изградба уште поневообичаена, без разлика на оправдувањата дека поради посетителите се создаваат застој во сообраќајот, што може да создаде десетици километри долги редици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наследникот на Nissan Leaf ќе биде crossover

Колку време е потребно бришачите на шофершајбната да станат неупотребливи?

Aston Martin ги откажа плановите за Vanquish со среден мотор

Новиот Daihatsu Taft како ривал на Suzuki Jimny?

Истражување: Кои возила се посигурни, електричните или дизелите и бензинците?!

Електричен BMW M3 ќе го носи името iM3!?

Земја во која  е забрането да се вози во зимска јакна/капут?!

Во Германија сега е дозволено да се користи дизел гориво што не содржи нафта

Електричнaтa Mercedes G Class се врти во место!