Brixton Crossfire 500

Веќе долго време не сме слушнале нови вести од компанијата Brixton Motorcycles, но сега Австријците имаат причина да се најдат на првите страници на специјализираните магазини и портали…

Имено, познатиот производител го претстави својот најнов и најголем мотоцикл, Crossfire 500, достапен за европскиот пазар.

Екстремно привлечна надворешност, благодарение на современиот дизајн „кафе рејсе“ (cafe racer), новиот Crossfire 500 носи редовен мотор со два цилиндра, со водено за ладење, со волумен од 486 кубни сантиметри, со моќ од 47 КС при 8.500 вртежи во минута.

Тежи 190 кг, а може да се пофали со исклучителна привлечност и хармонични димензии.

Понудени се две опции на боја, иако се применуваат само на резервоарот за гориво: Backstage црноа и Bullet сребрена.

Стандардниот модел има LED осветлување (вклучително и дневни светла), дигитален панел за инструменти, сопирачки од J. Juan со ABS, издувен систем од не ‘рѓосувачки челик, како и гуми Pirelli Angel ST.

Во понуда е и моделот Crossfire 500 X, кој има различен сет на рачки, различно седиште, но и некои други модифицирани елементи и гуми Pirelli MT60.

Во продажба се очекувајте некаде во текот на август годинава.

Со во сè, цената е исклучително разумна. Стандардната варијанта чини 6.249 евра, додека варијантата „Х“ чини 6.549 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4

Harley-Davidson Country Cruiser – мотоцикл со две задни тркала