Buell го откри најмоќниот Touring мотоцикл на светот

Buell Motorcyceles официјално претстави два нови модели во Дејтон – SuperTouring 1190 и Baja DR..

.Американскиот бренд го избра настанот во Дејтона (Daytona) како најдобро место за откривање на своите новитети.

По успешното лансирање на спортскиот мотоцикл Hammerhead 1190 RX во ноември 2021 година, Buell ја започна својата кампања во 2022 година со официјалното претставување на SuperTouring 1190.

Компанијата го опишува како „најбрзиот туристички мотоцикл во светот“, а таквото тврдење не е без аргументи.

SuperTouring 1190 е придвижуван од 1.190 cc V-twin мотор со моќност од185 КС и 137 Nm максимален вртежен момент.

Цената одговара на овој статус и изнесува 21.995 долари (околу 20.200 евра).

Иако тизер (најавната) фотографијата – претставена минатата година – изгледа ветувачки, готовиот производ секако ни го привлече вниманието главно поради својот необичен изглед.

Страничниот профил е изработен од легута, додека на предниот дел доминираат два тркалезни фарови – преземени од мотоциклот Buell XB12 – обвиткани во „несмасен“ правоаголен капак поврзана со вертикално ветробранско стакло.

Искрено, изгледа дека компонентите на мотоциклот се земени од различни машини и комбинирани во една.

Во меѓувреме, DR Baja го означува дебито на компанијата во сегментот на dirt bike.

DR Baja е опремен и со истиот V-Twin мотор од 1.190 кубни сантиметри кој може да произведе 175 КС, што го прави најмоќната dirt машина што кога и да е  е` произведена вo светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW Motorrad Baby cruiser

Husqvarna ја претстави enduro  линијата 2023 година

Новата линија на KTM 490 пристига кон крајот на годинава

Yamaha  го претстави новиот Tricity 125

Audi и Porsche влегуваат во  F1

Пристигнуваат три нови модели на BMW

Harley-Davidson Nightster

Yamaha TY-E 2.0

QJMotor 701 со два спортски новини во подготовка