Bugatti Chiron Pur Sport „уловен” на патека

Францускиот тркач нуди ергеле моќно 1500 KS, побрз систем за трансмисија на силата и полесна маса за 50 кг….

Токму така, Bugatti решил да го тестира новиот Chiron Pur Sport на патеката Teutoburg Forest, а покрај веќе познатиот мотор 8.0 W16, нуди и 50 кг., помала тежина…

Pur Sport е многу повеќе од Chiron, главно поради фактот дека quad-turbo ѕверот поминал низ обемни хардверски промени. Се одликува со поцврста шасија и пократок сооднос на брзините, додека 8.0 W16 quad-turbo моторот кој развива 1500 КС сега има 6.900 вртежи во минута (+200 врт / мин). Исто така има и ново развиени гуми – Michelin Sport Cup 2R, и тие нудат 10 % повеќе „грип”  на патот.

Исто така, тежи 50 кг помалку од „обичниот“ Chiron, а суспензијата и аеродинамичните својства се подобрени, иако „обичниот“ Chiron е исто така многу аеродинамичен.

Досега се направени вкупно два прототип примероци, а Bugatti планира да произведе само 60 примероци од овој модел.

Цената сè уште не е позната…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач

Murray T.50 со премиера во Август

Видео: Ken Block дрифтува во монструмот со шест тркала на Ford

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!