Bugatti Chiron рачно изработен од глина

Производителите на автомобили со децении правеа модели од глина за да го усовршат дизајнот на своите автомобили, а видеото, неодамна, објавено на телевизијата NHET е доказ дека со одредени вештини и трпеливост секој може да направи еден таков модел од глина…

Креаторите на YouTube се одлучија за Bugatti Chiron, прво направија челична рамка во основната форма на автомобилот, а потоа почнаа да ја нанесуваат рачно и глината.

После две недели работа, тие го завршија својот проект, што е импресивно поради фактот што се базира на мал модел на Chiron.

Крајниот резултат е навистина зачудувачки иако автомобилот не е функционален, но во секој случај тој претставува нешто многу блиско на Bugatti Chiron, а  притоа без потреба да одвојувате милиони или да купите некои реплики.

Истите YouTube мајстори претходно направија копија на Lamborghini Aventador SVJ што работи со мал мотор од мотоцикл од 150 кубни сантиметри.

Во тој случај, тие направија челична рамка, а потоа направија картонски панели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Genesis од летото во Европа

Touring Superleggera најавува нов спортски автомобил

Најавен Hyundai AX1

Според најавите, Се продава Alfa Romeo Autotutto

Mercedes Benz SLS AMG Electric drive на продажба

Top Gear ги избра најдобрите електрични автомобили

Трамвај излетал од шини- присебен возач ги сочува и возилото и животот

Моторот на Aurus ќе се вградува и во авиони!

Најавен Volkswagen ID.5