Bugatti Chiron со две специјални едиции Noire поблиску до „перфекцијата“!

Производителот на супер егзотични ултра автомобили од Франција од време на време новите купувачи ги изненадува со интересни и екстра лимитирани изведби, а таков примерок секако се и Noire изведбите…

Кога говориме за ултра брзи и за ултра скапи супер спортски автомобили, Bugatti е сигурно на самиот врв на таа листа.

Нивните автомобили се и создадени да уриваат рекорди на тркачките патеки но и во банките, што е повеќе од мамка за потенцијалните купувачи кои сакаат високо рамниште на престиж.

Оживувањето на La Voiture Noire, односно на „црниот автомобил“, прикажано е на почетокот на тековната 2019 година во март на салонот за автомобили  во Женева.

Интересот за тие автомобили беше и се уште е енормен и токму поради тоа во  Bugatti одлучиле на своите купувачи да им понудат два посебни изданија  на Chiron во иста тема: – Noire Sportive и Chiron Noire Élégance.

Изведбата Chiron Noire Sportive го потенцира исклучителниот спортски „шмек“  и поседува мат завршен слој од јаглеродни влакна, додека надворешните елементи како што е крајот на издувниот систем, фелните, спојлерот, решетките и линиите на потписот во мат црна боја.

Поелегантниот Chiron Noire Élégance доаѓа со надворешност довршена со црни јаглеродни влакна, додека карактеристичниот сребрен грб Bugatti –  Macaron е поставен на ре- дизајнираната предна решетка на ладилникот.

Темната тема продолжува со клештите на сопирачките каде што е и новиот сет на тркала.

Тука, пак линијата на C потписот е мелена од цврсти материјали и довршена во мат полиран алуминиум што визуелно додава контраст на црното тело на овој хипер спортист.

 

Јаглеродните влакна продолжуваат кон ретровизорите и капакот на моторот, a натписот Noire може да се најде на страничните плочи и на долната зттрана на задното крило.

Од внатре продолжува црната тема, a C- линијата е осветлена од алуминиум, додавајќи визуелна нота со докажување на високото ниво на ексклузивност на овој модел.

Не треба посебно да се потенцира дека и двете варијанти на автомобилот и натаму се опремени со моќниот турбо бензински мотор со работен волумен од  8,0-литри, со четири трубо полначи што испорачуваат моќност од 1500 KS и неверојатен максимален вртежен момент од  1600 Nm.

Инаку само 20 среќници ќе можат соите идни лимени (карбонски) миленици на четири тркала, да ги платат по цена од околу три (3) милиони американски долари..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche Design и Lucasfilm Ltd покажаа ѕвезден брод за следниот Star Wars

Наскоро и хибриден Fiat 500

Моделите на Abarth официјални возила на Автодромот Дубаи!

Alfa Romeo Giulia ќе има главна улога во новиот филм на Netflix

BMW M4 GT3 тркач од блиска иднина

Итар маркетиншки потег: Infiniti на верниот купувач му подарил Tesla Model3

Од Iveco испорачаа посебни камиони за Alfa Romeo F1 тимот !

Во Ford прават делови за автомобили од зрна на кафе!

Alfa Romeo Stelvio QV спортски автомобил на годината!