На штотуку завршениот саем за потрошувачка електроника CES 2022, во Лас Вегас, беше и легендарниот бренд за спортски автомобили Bugatti, со едно целосно електрично возило. …
Сепак, ова не е автомобил, туку електричнo градскo возило на две тркал(ц)а. Иако на официјалниот сајт на Rimac, Bugatti или Bytech International нема детали за овој скутер, добро информираниот Motor1 ни ги носи сите детали.
Француската компанија, која сега е во сопственост на Rimac, се здружи со Bytech International за да претстави целосно електричен преклопен скутер дизајниран за секојдневна употреба.
Достапен во три бои Agile Blue, Silver и Black, скутерот тежи само 15,9 килограми и го придвижува електромотор од 700 W, пишуваат специјализираните портали.
Дизајнот, велат од Bugatti, е аеродинамичен и функционален со рамка од легура на магнезиум. Батеријата обезбедува опсег до 35 km со едно полнење со брзина до 46 km/h.
Достапни се три режими на возење – Economy, City и Sport – и функција за контрола на патувањето.
Овој електричен скутер се потпира на двоен систем за сопирање со електронски ABS на задното тркало, нешто што често не се гледа на скутер. Електричниот модел на две тркала е опремен и со трепкачи, осветлена основа и логото на задна проекција на монограмот „EV“ во име на основачот на компанијата Еторе Бугати (Etore Bugatti) и ги подобрува „уметноста, стилот и перформансите“ на возилото.
„Bugatti е на врвот на автомобилската извонредност“, рече Вибек Штал (Wiebke Stahl), извршен директор на Bugatti International.
„Партнерството со компанија како Bytech ни дава можност да го прошириме досегот на полето на електричната мобилност со искусен партнер и производ во кој потрошувачите ширум светот можат да уживаат.