Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Кратко по вестите дека VW групацијата ќе го продаде Bugatti на Rimac, за што некои велат  дека е маркетинг трик, се појави информација и дека француската компанија наскоро ќе претстави целосно електричен хипер автомобил…

Во оригиналниот извештај за продажбата на Bugatti на Rimac, исто така се појави информација дека француската компанија подготвува продукциска верзија на Vision Le Mans концептот со целосно електричен погон кој ќе биде лансиран во октомври.

Неколку дена подоцна, The Supercar Blog тврди дека добиле потврда дека вакво возило навистина се подготвува за лансирање.

Но има малку детали за тркачкиот хипер автомобил, што ако навистина биде целосно електричен и ако потенцијалниот договор меѓу VW групацијата, Bugatti и Rimac помине, може лесно да се претпостави дека автомобилот на Bugatti ќе користи погон од Rimac.

Употребата на електричен погон може да го направи екстремниот дизајн на Vision Le Mans изводлив, со оглед на тоа дека нема да има потреба да се вметнува традиционалниот мотор и менувач во аеродинамичната каросерија.

Според The Supercar Blog, целосно електричниот Vision Le Mans „ќе служи како технолошка витрина за иднината“.

Сепак нема ништо официјално за потенцијалниот договор помеѓу Volkswagen групацијата и Rimac Automobili, што од друга страни не е ниту демантиран. Според информациите, VW групацијата ќе го проследи Bugatti на Rimac без никаква размена на пари, но затоа Porsche ќе го зголеми својот удел во Rimac Automobili од 15,5 проценти на 49 проценти.

Како и да е сето ова е завиено со дебел превез на шпекулации, претпоставки и погаѓања, без никакви официјални потврдувања или деманти. Затоа најдобро е да почекаме бидејќи времето е нај објективниот судија што ќе ја даде целосната вистина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Focus RS RX на Кен Блок продаден за 200.000 долари

Вака би можел да изгледа новиот Volkswagen Corrado и ни се допаѓа!

Нај-непристојни се возачите на BMW

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија