Byton M-Byte електричен SUV со дигитална табла

Производителот на возила од Кина -Byton го откри внатрешниот дизајн на нивниот нов електричен SUV M-Byte со ЛЕД дисплеј кроз цела табла и дисплеј на самиот волан

Ако досега Tesla со своите огромни диспли ви наликуваше на вселенски брод, тогаш можеме да речеме дека Кинезите, барем во поглед на големината го оставаат Tesla далеку зад себе- речиси „свтлосни години. 

Речиси финишираниот внатрешен дизајн на Byton е откриен на CES во Лас Вегас со огромната дисплеј табла и дисплеј на самиот волан со екран на допир. Овој 48 инчен дисплеј „Shared Experience Display“ е дизaјниран да издржи и сообраќајна несреќа. Управувањето на овој огромен дисплеј ќе се врши преку осум инчниот дисплеј на допир во центарот на конзолата, со што  ќе имате слобода да го поделите екранот на три дела, инфомарции, навигација и мултимедија.

Исто така има можност да покажува слика од трите задни камери за асистенција во паркирање, а уште два екрани може да се најдат имплементирани во предните седишта за задните патници.

Седум инчниот екран на допир што се наоѓа на самиот волан е позициониран повисоко што дозволува простор за воздушното перниче, додека изборот на брзини ќе се изведува преку реални копчиња на самиот волан за разлика од традиционалниот менувач.

Во соработка со Amazon, Byton ќе дозволи контрола преку гласовни команди со имплементирање на виртуелниот асистент Алекса.

Во Byton велат дека M-Byte ќе има модерни литиум-јонски батерии со капацитет од 71kWh и 95kWh , што треба да му овозможат автономија во возењето со едно полнење на батериите од 400 km, а со надградената батерија и до  520km., a почетната негова цена во Европа ќе биде од 37.500 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

ZF co паметна трансмисија на силата!

Ducato MY2020 electric: повеќе технологија, поeфикасeн и со поголема вредност!

Поминаа  60 години откако Volvo ни го подари безбедносниот ремен!

Претставена автономната BMW Series 7!

KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

ACEINNA со нова сензорска единица за инерцијални мерења!!!