C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Непосредно пред официјалната премиера, Chevrolet потврди дека осмата генерација на Corvette ќе го задржи популарното име Stingray…

Осмата генерација на Corvette ќе дебитира како Stingray утре на 18 јули и преку внатрешните слики како и оние на кои се гледа дел од екстериерот, веќе знаеме што може да не очекува од новиот модел.

Chevrolet со гордост го објавува името Stingray ќе живее“, изјави производителот, потсетувајќи не дека втората генерација на Corvette дебитираше како Stingray во 1963 година, а името на платформата продолжи до 1967 година, пред да биде оживеана во 2014 година од Corvette C7.

Покрај ова, објавен е и изгледот на новиот амблем на Stingray, кој мора да признаеме дека е навистина кул,а покрај тоа и  буквите по се изгледа ќе го користат истиот фонт употребен и за „Corvette“, но во тродимензионална изведба.

Се очекува Stingray да дебитира со природно аспирираниот 6,2 литарски мортор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, познат како LT2.

Добиен од LT1 во моделот C7 Z51 и Grand Sport, ажурираниот мотор се очекува да испорача помеѓу 480 и 500 КЅ и максимален момент на вртење од 650 Nm, што е за малку повеќе споредено со расното ергеле од  460КС и максималниот момент на вртење од 630 Nm на LT1.

И на крај, но не и помалку интересно, цената на новото издание на американската икона би требало да изнесува околу 200 илјади американски долари!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува и мал Land Rover!

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km

Вгодина пристигнува фантастичниот Nissan GT-R50 Italdesign !

Genesis ќе се продава и во Европа

Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

Видео: Од свечената премиера на новиот Kia Хсeed во Македонија

Изненадување:Tesla Model Y со производство стартува порано

Уникатен Rolls-Royce Phantom одии на аукција!

Од Ford – сината боја ќе доминира во 2020!