Cadillac Celestiq concept

Cadillac го претстави концептот Celestiq, визија за иновација и цел што ја најавува иднината преку овој рачно изработен и целосно електричен седан – предводник на марката…

Замислен да ја предводи електричната иднина на луксузната американска марка Cadillac и инспириран од 120-годишното наследство на брендот, тој служи како камен-темелник за дизајнерските и инженерските тимови на Cadillac, кои продолжуваат да го развиваат Celestiq додека се приближува кон производството.

„Celestiq е најчистиот израз на Cadillac“, рече Мегле Дебели (Magalie Debellis), менаџер(ка) на Cadillac Advanced Design.

„Автомобилот  ги оживува најинтегрираните изрази на дизајн и иновации во историјата на брендот, спојувајќи се во дефинитивна изјава на вистинскиот Cadillac“.

Во неговиот развој, дизајнерските и инженерските тимови се „нурнат“ и во изработката и приспособувањето што ги дефинираше раните седани (лимузини) на Cadillac, како што се возилата со погон со агрегати со 16 цилиндри поставени во форма на латинската буква V  од предвоената ера и рачно изработениот Eldorado Brougham од 1957 година.

Celestiq е врв на тоа наследство, оживеано со иновативни методи на производство и нови технологии.

„Тие возила го претставуваа врвот на луксузот во нивните епохи и помогнаа Cadillac да стане светски стандард“, рекол Тони Рома (Tony Roma), главен инженер. „Celesriq – исто така седан, бидејќи конфигурацијата нуди врвно луксузно искуство – се надоврзува на тоа педигре и го одразува духот на пристигнување што тие го изразија“.

Дизајнерите црпат дополнителна инспирација од класичната архитектура, како што се ремек-делата на архитектот Ер Саринен (Eer Saarinen) инспирирани од архитектурата на средниот век, заедно со други иконски американски дизајни, кои даваа изјави што ја дефинираа ерата кога автомобилите беа претставени.

Разбирањето и инкорпорирањето на овие влијанија во архитектурата на електричните возила базирани на платформата Ultium резултираше со чист израз преточен во Cadillac Ceelstiq кој го гледа целото патување како искуство –кое има за цел да предизвика емоционален одговор.

Резултатот е возило кое остава магнетски привлечен прв впечаток и поттикнува трајна лична врска.

„Ја комбиниравме убавината на функцијата со убавината на формата“, рече Летиција Лопез  (Laetitia Lopez), креативна дизајнерка, Cadillac Color & Trim. „Моравме да ги преиспитаме сите аспекти за да ги „нурнеме“ купувачите, сите нивни сетила и да создадеме врска со возилото преку најдобрите оригинални материјали, извонредни детали и напредна технологија.

Celestiq прикажува дел од материјалите, иновативните технологии и рачно изработеното внимание на деталите искористени за да ја изразат визијата на Cadillac за иднината.

Се издвојуваат пет напредни LED интерактивни дисплеи со висока дефиниција, вклучувајќи 55-инчен напреден LED дисплеј , заедно со паметниот стаклен покрив и Ultra Cruise, што ја претставува следната еволуција на технологијата за помош на возачот на General Motors што Cadillac планира да ја понуди на Celestiq.

Паметниот стаклен покрив се одликува со технологија за суспендирани честички (SPD) која овозможува четири зони на променливо осветлување (пропуштање на сончевата светлина), овозможувајќи им на патниците да го дотераат своето искуство во кабината за целосно персонализирана удобност и видливост.

Дополнително, напреден LED дисплеј од 55 инчи е дисплејот на патниците, со активна технологија за приватност дизајнирана да им овозможи на патниците да уживаат во видео содржините додека истата ја блокираат од погледот на возачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинезите за 2023 ветуваат електричен автомобил со досег од 1000 км

Suzuki и Toyota заеднички прават електричен SUV

Електричен Chery QQ Wujie Pro

Дополнителна опрема направена по мерка за Opel Astra и Astra Sports Tourer

Lincoln Model L100 Concept

R5 TURBO 3E, Роден за дрифт

XPeng од Кина овозможува полнење на EV батериите двојно побрзо одошто Tesla

Moskvich ќе развие сопствена платформа за електрични возила

Dacia сврте нов лист