Cadillac Celestiq се тестира на јавни патишта

На крајот на јули, Cadillac го претстави концептот Celestiq, како визија за иновација што ја најавува идната рачно изработена и целосно електрична седан предводник на марката…

Во меѓувреме, Cadillac започна со тестирање на патиштата на овој модел, се разбира уште под камуфлажа.

Замислен да ја води електричната иднина на Cadillac и инспириран од 120-годишното наследство на брендот, тој служи како камен-темелник за дизајнерските и инженерските тимови на Cadillac, кои продолжуваат да го развиваат Celestiq како што се приближува кон производството.

„Celestiq е најчистиот израз на Cadillac“, рече Magalie Debellis, менаџер на Cadillac Advanced Design. „Тоа ги оживува најинтегрираните изрази на дизајн и иновации во историјата на брендот, спојувајќи се во дефинитивна изјава на вистинскиот Cadillac“.

Во неговиот развој, дизајнерските и инженерските тимови се нурнати во изработката и приспособувањето што ги дефинираше раните седани на Cadillac, како што се возилата со V16 погон од предвоената ера и рачно изработениот Eldoorado  Brougham од 1957 година.

Celestiq е врв на тоа наследство, оживеано со иновативни методи на производство и нови технологии.

„Тие возила го претставуваа врвот на луксузот во нивните епохи и помогнаа Cadillac да стане светски стандард“, рече Тони Рома (Tony Roma), главен инженер. „Celesriq – исто така седан, бидејќи конфигурацијата нуди врвно луксузно искуство – се надоврзува на тоа педигре и го одразува духот на пристигнувањето што тие го изразија“.

 

Дизајнерите црпат дополнителна инспирација од класичната архитектура, како што се ремек-делата на архитектот Ер Сааринен (Eer Saarinen) од средината на векот, заедно со други иконски американски дизајни, кои даваа изјави што ја дефинираа ерата кога беа претставени.

Разбирањето и инкорпорирањето на овие влијанија во архитектурата на електричните возила базирани на платформата Ultium резултираше со чист израз за Cadillac Ceelstiq кој го гледа целото патување како искуство – искуство кое има за цел да предизвика емоционален одговор.

Резултатот е возило кое остава магнетен прв впечаток и поттикнува трајна лична врска.

„Ја комбиниравме убавината на функцијата заедно со убавината на формата“, рече Летиција Лопез (Laetitia Lopez), креативна дизајнерка, Cadillac Color & Trim.

„Моравме да ги преиспитаме сите аспекти за да ги потопиме купувачите, сите нивни сетила и да создадеме врска со возилото преку најдобрите оригинални материјали, извонредни детали и напредна технологија.

Celestiq прикажува дел од материјалите, иновативните технологии и рачно изработеното внимание на деталите искористени за да ја изразат визијата на Cadillac за иднината.

Концептот се одликува со пет напредни LED интерактивни дисплеи со висока дефиниција, вклучително и напреден LED дисплеј од 55 инчи, заедно со паметен стаклен покрив и Ultra Cruise, што ја претставува следната еволуција на технологијата за помош на возачот на General Motors што Cadillac планира да ја понуди на  Celestiq   .

Паметниот стаклен покрив се одликува со технологија за суспендирани честички (SPD) која овозможува четири зони на променливо осветлување, овозможувајќи им на патниците да го дотераат своето искуство во кабината за целосно персонализирана удобност и видливост.

Дополнително, напреден LED дисплеј од 55 инчи е дисплејот на патниците, со активна технологија за приватност дизајнирана да им овозможи на сопатниците да уживаат во видео содржините, додека истите ги блокираат од погледот на возачот.

Celestiq ќе биде пуштен во продажба на крајот на 2023 година, а неофицијалната цена е околу 300.000 долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинезите за 2023 ветуваат електричен автомобил со досег од 1000 км

Suzuki и Toyota заеднички прават електричен SUV

Електричен Chery QQ Wujie Pro

Дополнителна опрема направена по мерка за Opel Astra и Astra Sports Tourer

Lincoln Model L100 Concept

R5 TURBO 3E, Роден за дрифт

XPeng од Кина овозможува полнење на EV батериите двојно побрзо одошто Tesla

Moskvich ќе развие сопствена платформа за електрични возила

Dacia сврте нов лист