Ако Cadillac Escalade ESV не е доволно простран за нечии потреби, тогаш решението може да биде неговата донекаде бизарна седан верзија.
Станува збор за исклучително долг теренец произведен од компанијата Pinnacle Limousine Manufacturing, која е специјализирана за продолжување на најдобрите автомобили во светот.
Примерот на фотографиите е продолжен за дополнителни 200 инчи (508 см), што е малку бизарно затоа што Escalade била долга 538,2 см пред модификациите, пишуваат агенциите.
Лимузината е обоена во бисерно бело, и има многу хром, вклучувајќи ги и бандажите.
Внатрешноста е посебна приказна, целосно е променета и доби седишта обложени со кожа, идеални за поголеми групи луѓе.
Опремен е со драматично амбиентално чувство и е доволно „жив“ за да им парира на најдобрите ноќни клубови.
Има ТВ екрани, фантастичен озвучување и станица за правење различни пијалоци.
Возачот е одвоен од остатокот од седанот, но и тој е сместен во луксузна кабина покриена со кожа и украсена со дрво.
Седанот има врати во стилот на Теslа кои овозможуваат полесен влез.
Под хаубата се наоѓа стандарден 6,2-литарски V8 мотор кој развива 420 КС и 624 Nm вртежен момент.
Лимузината поминала помалку од 2.000 километри и се продава за 220.000 долари.