Потпретседателот на Cadillac, Рон Харви, за американските медиуми потврди дека оваа марка ќе претстави три нови електрични возила во 2023 година…
Иако ќе бидат прикажани во текот на 2023 година, овие нови модели ќе влезат во производство во идната 2024 година. Харви истакна дека некои од овие модели ќе се произведуваат и продаваат на повеќе пазари, што ќе доведе до лансирање на производство во различни периоди. Иако Харви не сакаше да коментира за кои точно модели станува збор, треба да се потсетиме дека Cadillac ја покажа мапата на патот кон својата електрична иднина уште во 2020 година. Таа мапа вклучуваше xrossover модел со големина на XT4, EV налик на Escalade и SUV со три реда седишта.
Во 2019 година, Cadillac одлучи постепено да ја укине структурата на алфа – нумеричкото именување и повторно да им ги даде на моделите нивните вистински имиња. Lyriq и Celestiq ја започнаа таа транзиција.
Cadillac оттогаш ги има заштитено имињата Ascendiq, Optiq, Symboliq, Vistiq, Lumistiq и Escalade IQL, што укажува на потенцијални имиња за нови електрични возила.