Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Новиот Golf e првиот автомобил на Стариот континет со WLANp- што како дел од сериската опрема може да се поврза со други автомобили и така да помогне во избегнување на судири …

Новата осма генерација на Volkswagen Golf може да му помогне на возачот  да ги избегнe евентуалните судири благодарение на иновативната технологија Car2X што по пат на радио сигнал го вмрежува со другите автомобили и со инфраструктурата.

Конзорциумот за безбедност Euro NCAP сега на функцијата Car 2X-„Предупредување на опасност“ и доделува посебна награда за револуционерна сигурносна опрема под името „Advanced Award“.

Германскиот автомобилски клуб ADAC ја тестирал новата технологија и ја опишува истата како „техничка пресвртница“.

„Тука станува збор за возбудливо подрачје на сигурност во возењето “, објаснува Мишел ван Ратинген, главниот секретар на Euro NCAP.

„Volkswagen заслужува честитки што оваа технологија ја прави сериски стандардна во автомобилите како што е Golf што се продаваат во големи количества.“

Зад технологијата Car2X, што новиот Golf ја нуди во состав на својата сериска опрема како прв автомобил на пазарите во Европската унија – ЕУ, се рие радио стандардот WLANp.

Тој е посебно прилагоден кон локалната комуникација помеѓу возилата и не му е потребна мобилна мрежа така што функционира на пошироко подрачје во рамки на границата на системот.

На тој начин во мрежа поврзаните возила директно разменуваат пораки за позицијата и за други информации во круг до 800 метри.

Така, возилата во рок од само неколку мили – секунди можат да се поврзат помеѓу себе, да предупредат на опасност или да стапат во контакт со сообраќајната инфраструктура.

Технологијата Car2X овозможува колективна интелигенција во локално опкружување, a самата се подобрува со пораст на вклучените учесници.

Затоа Volkswagen сега ќе почне да ја воведува таа технологија во што е можно повеќе модели.

Имено, по Golf таа технологија во рамките на сериската опрема ќе биде достапна и во другите нови модели на марката од Волфсбург.

И останатите производители на автомобили исто така интензивно работат на оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми

Политики за поттикнување на употреба на автогас

Благодарение на Tesla и FCA е надвор од казнената зона за флотна емисија на штетни гасови

Porsche предвидува: моторите во иднина ќе растат

Радосна вест за моторџиите- Androi Auto и за мотоциклите!