Carlex Design Mercedes-AMG G63 Yachting Edition

Пред скоро две години, Carlex Design претстави специјално издание на јахти од Mercedes X Class „Мерцедес Х“, додека сега, пак, пред нас е и Yachting G Class верзија …

Накратко, полското студио за дизајн има за овој модифициран Mercedes-AMG G63 (инспириран од луксузни јахти) обезбеден екстериер во две бои, покрив во иста боја како и долниот дел на возилото, натпис Carlex  на хаубата, маска со лого Carlex, комплет 22-инчни тркала и специјален капак за резервно тркало.

Внатре се најквалитетната бела кожа и (опционално Cognac кожа ), како и дрво, алкантара и дотеран волан во комбинација од кожа / дрво.

Автомобилот сè уште работи со 4,0-литарски twin-turbo , V8 мотор со 585 КС и 850Nm.

Tоa му обезбедува забрзувањето од 0 до 100км/ч  за само 4,7 секунди, додека максималната брзина што ја постигнува изнесува импресивни за овој џин 240км/ч.

Навистина супер луксузен „Голијат” на сребрената ѕвезда со три крака од Штутгарт !

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)