Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

По 12 дена натпреварување по тешко проодни пустински терени, камен и песок, на пеколни температури, заврши 42 издание на најтешкото рели во светот Dakar, со третиот триумф на Шпанецот, прв на Американецот и со продолжување на доминацијата на рускиот Kamaz, додека двојиот шампион во F1, Фернандо Алонсо својот прв настап на најтешкото рели го заврши како 13-ти…

Релито Dakar за прв пат се возеше во Саудиска Арабија , а крал по 12 дена и повеќе од  5.000 km пустински пекол , е Шпанецот Карлос Сајнц (Carlos Sainz) кој дојде до уште една титула во Dakar Rally.

Имено, двојниот светски шампион во рели стана трикратен победни на Dakar Rally и потврди дека и на 58 години се уште е во врвна натпреварувачка форма.

Шпанецот, денешната, скратена, 12 етапа  од 429 km со 374 km брзински испит ја заврши на петата позиција со 3′:56”  минути задоцнување зад победникот, но, тоа му беше доволно да го сочува првото место во генералниот пласман и да ја освои титулата.

Како што спомнавме ова е трета титула за Сајнц на Dakar, бидејќи претходно победувал во 2010 и 2018. година, а интересно е дека сите титули ги освојувал со различни марки – Volkswagen, Peugeot, a сега со Mini.

Двократниот шампион во Формула 1 Фернандо Алонзо (Fernando Alonso)на својот прв настап на Dakar го освои солидното 13 место во генералниот пласман.

Победникот на денешната последна етапа е Насер Ал –Атијах ( Nasser Al-Attiyah) фабрички возач на Toyotа, кој дал се од себе и го победил Сајнц за 3′:56” минути, но тоа не било доволно да ја надмине предноста што Шпанецот ја имаше пред 12 етапа од 6′:21” минути. Тука треба да напоменеме дека во тоа се пресметани и трите минути казна што Ал- Атијах ги добил затоа што го попречувал Сајнц на патеката, што ја заработи во раната фаза на ова рели. Третото место кај „автомобилите“ на победничкиот подиум го освои вториот фабрички возач на Mini Buggy, Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel).

Генерален пласман на автомобилистите на Dakar Rally 2020

Поз.     Бр        Возач /Совозач            Марка– Тим                                            Време                                  Доцнење

1          305       CARLOS SAINZ

UCAS CRUZ   BAHRAIN JCW X-RAID TEAM                        42h 59′ 17”

2          300       NASSER AL-ATTIYAH

MATTHIEU BAUMEL   TOYOTA GAZOO RACING               43h 05′ 38”                        + 00h 06′ 21”

3          302       STÉPHANE PETERHANSEL

PAULO FIUZA             BAHRAIN JCW X-RAID TEAM            43h 09′ 15”                         + 00h 09′ 58”

Во конкуренција на мотоциклистите е прекината доминацијата на KTM, со првата победна на некој Американец  на најтешото рели на светот -Рики Брабек (Ricky Brabec), фабрички возач на Hondа, што поседната етапа ја заврши како втор, со 53 секунди доцнење зад тимскиот колега до Hondа Хозе Игнацио Корења (Josea Ignaciо Corenia), но пред бранителот на титулата Австралијанецот  Тоби Прајс ( Tobyj Price), на KTМ.

Во генералниот пласман Брабеек победил со 16′:26” минути пред Пабло Куинтанила (Pablо Quintanillа), фабрички возач на Husqvarnа и пред Прајс од кого бил побрз за  24′:06” минути.

Генерален пласман на мотоциклистите на  Dakar Rally 2020

Поз.   Бр                    Возач                     Мара- Тим                                                                 Време                        Доцнење

1             9             RICKY BRABEC     MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2020            40h 02′ 36”

2             5             PABLO QUINTANILLA ROCKSTAR ENERGY HUSQVARNA F.R      40h 19′ 02”                + 00h 16′ 26”

3             1             TOBY PRICE          RED BULL KTM FACTORY TEAM                             40h 26′ 42”              + 00h 24′ 06”

Кај тешкашите свири иста музика, рускиот Kamaz доминира на Dakar и годинава со освоени први две места во генералниот пласман. Годинава крал е Андреј Каргинов ( Andrey Karginov) на Kamaz, што заедно со својот екипаж Андреј Мокeев (Andrey Mokeev) и Игор Леонов (Igor Leonov), победија во дури седум од 12 те етапи и оствариа преднос пред тимските колеги Антон Шибалов (Anton Shibalov), Димитри Никитин (Dimitri Nikitin) и Иван Татаринов (Ivan Tatarinov) oд повеќе од 42 минути.

На третата позоција во генерален пласман сенајде Белорузинот Сиаареи Виазович (Siarhei Viazovich) со екипажот на МАZ – Павел Харанин (Pavel Haranin) и Антон Запарошчанка (Anton Zaparoshchanka) со доцнење од еден час и 40 минути зад победникотАнфрј Каргинов.

Инаку ова е втор триумф на Dakar Rally на Каргинов, кој победил и во 2014 година.

Генерален пласман кај камионџиите на Dakar Rally 2020

Поз.   Бр                       Возач                                       Мара- Тим                               Време                      Доцнење

1             511          ANDREY KARGINOV

ANDREY MOKEEV

IGOR LEONOV                          KAMAZ – MASTER                       46:33:36                      0:00:00

 

2             516          ANTON SHIBALOV

DMITRII NIKITIN

IVAN TATARINOV                     KAMAZ – MASTER                47:16:02   0:42:26      +0:42:24’

 

3             503          SIARHEI VIAZOVICH

PAVEL HARANIN

ANTON ZAPAROSHCHANKA      MAZ-SPORTAUTO             48:38:18   2:04:42    +1:42:00

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Фернандо Алонзо – губитник на 10-та етапа со тумбање во трипл „салто“!

Rally Dakar – „испари“ прeдноста на Сајнц !

Dakar Rally 2020 ја зема првата жртва- загина Португалецот Пауло Гонкалвес