Carrozzeria Garavini Fiat Topolino

Carrozzeria Garavini од Торино го претставува својот најнов проект, модифицирана верзија на електричниот Fiat Topolino…

Со оваа креација Carrozzeria Garavini предлага алтернативен правец за својот стајлинг во кој ќе можат да уживаат само 10 сопственици, бидејќи се работи за лимитирана серија.

Новата интерпретација на Topolino е инспирирана од медитеранскиот остров Капри и животниот стил на Долче Вита (Dolce Vita). Каросеријата е целосно редизајнирана, иако сепак содржи елементи од дизајнерскиот јазик на Fiat. Предниот дел изгледа помодерно од ретро, ​​со извајан браник и тркалезни LED диоди кои потсетуваат на Fiat 500. Истото важи и за диск тркалата на профилот, кој пак доаѓа без врати.

Задниот дел е инспириран од јахти, со полуизложен товарен простор со низок под покриен со дрво. Други детали вклучуваат двобоен покрив во стил на платно и тркалезен елемент одзади што изгледа како држач за резервно тркало.

Внатре има нов пар седишта со отстранливи потпирачи за глава кои се служат како перници за плажа.

Рачното изработка на ова возило значи дека секоја од 10-те единици ќе биде високо персонализирана, според преференциите на сопственикот.

Возилото и понатаму се придвижува од еден електричен мотор со моќ од 6 kW/8 КС.

Литиум-јонската батерија има капацитет на моќ од 5,5 kWh, доволно за автономија од 75 km.

Цената за пренамена ќе започне од 45.000 евра, без даноци и останати давачки, како и без цената на возилото на донаторот.

Тоа значи дека вкупната цена на овој ова електрично Topolino ќе биде повеќе од 55.000 евра и тоа пред да биде оданочено.

Мало но слатко задоволство и се разбира како и секој мерак и овој нема цена.

 





НАЈНОВИ