Caterham Seven 420 Cup

Caterham сега нуди и Seven 420 Cup, „најтркачки“ ориентиран модел што сè уште можете да го возите на јавни патишта…

Seven 420 Cup во опсегот на оваа марка е позициониран помеѓу тркачките возила 420R и Seven, а се придвижува од 2.0-литарски Duratec мотор со моќност од 210 КС и 203 Nm максимален момент на вртежи, додека односот моќност/тежина изнесува 375 КС на 1000 килограми.

Во однос на перформансите бројките зборуваат доволно сами за себе:  Забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) трае 3,6 секунди, а максималната брзина изнесува 219 km/h.

Пакетот вклучува и шест-брзински секвенцијален менувач на Sadev, подесување на амортизерите Bilstein, пневматици Avon ZZR или ZZS, потоа задни LED светла, опционален заштитен кафез, нови ретровизори, опционална надворешна графика, црвени детали на седиштата и тунелот за пренос на силата …

Цената во Обединетото Кралство изнесува 54.990 британски фунти, а Caterham најавува дека Cup Seven 420 ќе биде изложен и на претстојниот Фестивал за брзина во Гудвуд ( Goodwood festival of speed).

Нарачките веќе се прифаќаат, но производството ќе започне дури на почетокот на следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По речиси две децении Audi нема да ги спонзорира „кралевите“ од Мадрид ги „истурка“ BMW

Новиот Cadillac Celestiq ќе биде поскап за 30% од Bentley Flying Spur

Тркачки Porsche

Најчувствителен лак имаат автомобилите со црвена боја

Електричниот Mercedes Vision EQXX со едно полнење поминал 1.202 km!

Во Volkswagen сметаат на „ќумур“ за да го заштитат производството

Почна склопување на поедноставни Lada Niva Legend и Lada Niva Travel

Tesla заборавен на постојката за полнење EV – сопственикот заминал на одмор!

VW Air дебитира утре- 27 јуни