CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Гај Вилисон (Gaj Vilison ) е познат по креациите на две тркала што ги направи досега, а последниот (најновиот) по ред е направен во соработка со британскиот огранок на Honda.

Резултатот е машина наречена CB1000R 5Four која е исклучиво достапна за клиентите во Обединетото Кралство.

Honda му го даде на Вилисон најновото издание на CB1000R за доработка, а тој имаше целосна креативна слобода. Конечниот производ е тркач со класичен изглед кој несомнено ќе го привлече вниманието.

И покрај сосема поинаков изглед, нема промени на шасијата, погонот или електрониката. Ова значи дека мотоциклот ги задржа истите возни карактеристики. Сепак, козметичките промени доведуваат до целосна трансформација на јапонската машина.

Списокот со козметички модификации на 5Four вклучува:

-црвено-сино-бела комбинација на бои, инспирирана од првенството за издржливост

– композитно куќиште за преден фар по нарачка

– рачно насликано лого на Honda на резервоарот

– по мерка изработена  „опашка“

– Титаниум  Growler-X   тркачки издувен систем

– LED задно светло

 

– LSL сопирачки

Меѓу опциите е потписот на Вилисон на задната страна на мотоциклот.

Според достапните информации, Honda CB1000R 5Four ќе се произведува во ограничена серија од само 54 единици, по цена од 16.954 фунти (20.000 евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие