CF Moto и KTM ја прошируваат соработката

Претстојната 2020 година KTM ќе го префрли производството на неколку свои модели во Кина и тоа во новите погони во местото Ханџоу, a сето во рамкитре на партнерството со компанијата CF Moto…

Двете компании соработуваат уште 2011 година, кога лансирале заеднички деловен проект.

Имено, CF Moto ги увезува и ги продава KTM мотоциклите на пазарот ширум Кина, a во новата фаза на заедничкото партнерство ќе соработуваат уште поблиску со Австријците.

Новиот погон ќе располага со производни капацитети од 50.000, до 100.000 мотоцикли годишно, a почетокот на производството ќе стартува кон срдината на претстојната 2020 година.

Така, KTM ќе го префрли производството на одреден број модели од средната категорија од Австрија во Кина, a моделите од Ханџунг ќе се продаваат како на пазарите низ Азија така и на пазарите во Европа и во САД.

 

Со овој потег, KTM ќе се фокузира на зголемување на продажбата во Азија, a едновремено ќе ги ослободи производните капацитети за нови о по престижни модели, каков е и новиот Super Duke R.

Таквата стратегија веќе се исплатува во Индија, каде  KTM работи со компанијата Bajaj Auto, a која ќе стане производна база за претстојната линија на електрични мотоцикли.

Корист од новиот договор ќе има и CF Moto, кој веќе е сопственик на лиценцата за користеење на  KTM- LC8 агрегатот со работен волумен од 990 кубни сантиметри, a веќе прикажал серија на нови модели чија цел е да го зацврсти присуството на компанијата на европскиот пазар.

Еден од најголемите производители на ATV модели на светот, CF Moto во својата гама има и одреден број на мотоцикли од малата и од средната „ кубикажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley Davidson подготвува електричен скутер!

BMW работи на електрични мотоцикл!

BlackBerry наместо мобители ќе произведува е-мотоцикли!

Suzuki подготвува Katana со помала зафатнина!

Honda произведе 400 милиони мотоцикли

Новиот мотоцикл превоз од иднината

Почнаа нарачките за производната верзија BMW R 18 concept

Harlеy-Davidson го потврди новиот HD350

SEAT e Scooter дел од стратегијата за мобилност на Шпанците!