Додека CFMOTO сè уште работи на својот литарски V4 со над 200 коњски сили, многу внимание посветува и на електричните мотоцикли…
Првиот голем проект во овој сегмент е 300GT-E, спортски турер развиен за кинеската полиција. Тука е и Papio Nova, „минибајк“ и ривал на Honda Grom, додека компанијата за електрични скутери создаде посебен бренд наречен Zeeho.
Во рамките на тој бренд, компанијата го претстави концептниот мотоцикл Magnet на крајот на минатата 2022 година, подготвен да се соочи со CE-04 на BMW на пазарот.
Неодамна, CFMOTO поднесе барање за патент, што се чини дека го открива изгледот на идната производствена варијанта.
Дизајнот на патент покажува скутер сличен на концептот Magnet, но со поодржлива конструкција. Централниот дел на батеријата, кој служи и како главна структура на рамката, е направен од алуминиум наместо од плексиглас. Скутерот има и цевчести *(Тубуларни) подрамки прикачени на предната и задната страна, создавајќи флексибилност за изградба на повеќе варијации на скутерот од истиот централен дел на шасијата.
Едностраната задна вилушка на скутерот, превртената вилушка, радијалните клешти на сопирачките, електричниот мотор поставен зад главната шасија и широкото задно тркало се слични на решенијата како кај концептот Magnet. Сепак, патентираниот дизајн се одликува со попрактичен агол за еден амортизер, кој е поставен на левата страна на задната вилушка.
Во овој момент, CFMOTO не објави никакви дополнителни детали за сериската верзија на својот електричен скутер, но достапните бројки сугерираат дека станува збор за сериозен играч. Со максимална брзина од 150 km/h и автономија од 200 km, новиот електричен скутер CFMOTO дефинитивно ќе привлече големо внимание.