Changan Lumin

Кинескиот Lumin е градски електричен модел во гамата на кинескиот Changan, кој ќе чини 49.900 јуани (6.740 евра) за основната верзија од 1 јануари во Кина…

Моделот Lumin е базиран на модуларна платформа EPA0, а што се однесува до димензиите, долг е 3270 mm, широк 1700 mm, висок 1545 mm, додека располага со растојание помеѓу оските од 1980 mm.

Електричниот мотор со моќ од  30 kW/41 КС се наоѓа на предната оска, а со едно полнење на батеријата со капацитет од 12,92 kWh автомобилот има автономија од 155 km (по CLTC циклус).

Достапни се и батерии од 17,65 kWh, па автономијата во тој случај изнесува до 210 km.

Има и посилна верзија со моќ од 35 kW/48 КС и батерија со капацитет од 27,99 kWh, со автономија од 301 km со едно полнење.

Оваа последна варијанта чини 69.900 кинески јуани ( односно „преведено“ во европска валута околу 9.440 евра).

Максималната брзина на сите верзии е ограничена на 101 km/h.

Changan Lumin е опремен со две предни воздушни перничиња, 14-инчни тркала, клима уред и мултимедијален систем со екран на допир со димензија од 10,25 инчи во дијагонала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични