Chery го промовираше TJ-1 во Кина, нов компактен SUV кој ќе им биде достапен на клиентите и во верзија PHEV….
Според сегашните најави, автомобилот ќе се појави во продажба во јули или август оваа 2023 година, но цените се уште не се познати.
Стандардната верзија има 1,6-литарски турбо бензинец и 7-степен менувач со двојна спојка, додека варијантата PHEV комбинира 1,5-литарски турбо и електричен мотор.
Според фабричките податоци, верзијата PHEV има потрошувачка на гориво од само 1,0 l/100 km, електричниот опсег е повеќе од 100 km, а вкупниот опсег е околу 1400 km.
Во однос на димензиите, TJ-1 е долг 4515 mm, широк 1865 mm, висок 1680 mm и има растојание помеѓу оските од 2675 mm.
Автомобилот доби и дигитална инструмент табла, централен екран од 14,8 инчи, head-up дисплеј, систем за препознавање лице, систем за помош при возење на ниво 2+, седишта со греење, вентилација и масажа, како и аудио систем на Sony.