Chevrolet Corvette C8 2020, на стартот како coupe – cabrio

Осмата генерација на иконата на тркала што доаѓа од другата страна на „Големата бара“ на почетокот од својот „живот“ ќе стартува класично, со бензински мотор…

Станува збор за изведба во конструкција со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од  6.2-литри и со моќ од 460 KS.

Покрај овој погонски агрегат во подготовка се и: twin-turbo ( со двојна турбина) моќен 600 тркачки грла, како и  hi-tech хибриден погонски склоп кој ќе испорачува повеќе од 1000 KS!

Потсетуваме на историјата на американската друмска икона што почнала на  17-ти јануари далечната за автомобилската историја  1953 година, во хотелот Waldorf-Astoria, во Њујорк, кога на јавноста и е претставен култниот roadster Chevrolet Corvette.

Тогаш почнува приказната за моделот што во изминатите 66 години од своето постоење доживеа лансирање на дури седум успешни серии на глобалниот пазар.

Сега, за наредната 2020-та година се подготвува осмата генерација (C8), што би требала да биде coupe-cabriolet, со цврст подвижен (на преклопување) покрив.

Осмата генерација на Corvette ќе го користи концептот на „паметен избор“ на материјалите, со структура од високо цврст челик, со хауба, покрив и врати изработени од алуминиум како и структурни елементи од јаглеродни композити.

Основниот модел ќе биде задвижува со централен, надолжно поставен пред задната погонска оска мотор, атмосферски бензинец 6.2 V8 со 466 KS, што на задната оска ќе се пренесуваат преку осум степен, со двојна спојка, автоматски менувач на брзините.

Веќе спомнавме дека во подготовка се и twin-turbo 4.0 V6 со 600 KS,  а посебен бисер за колекционерите и вљубениците во моќната изведба на Американците е hi-tech хибрид моќен дури 1013 KS.

Презентацијата на осмата генерација на американската икона е закачана за 18 јули тековната 2019 година, a на пазарот, според предвидувањата би требало да се појави следната 2020 година.

На новата генерација на иконата на Chevrolet  и посакуваме успех и уште многу нови генерации…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS