Chevrolet Corvette Roadster 2021: „топлес” верзија на американската легенда со 766 KС

Се чини дека по попуштањето на мерките за изолација – социјално дистанцирање, заради вирусот Covid-19, се отвораат нови проекти, за кои до неодамна немаше никаква перспектива и пристига Corvette што просто  ве кутнува од нозете…

И покрај тоа што е доцна за летото на оваа 20-та година, може за идната сезона 2021 да пристигне и roadster верзија на американската спортска икона, Chevrolet Corvette.

Студиото за дизајн на автомобили Car Style Design  создаде визија за roadster, базирана врз моделот Chevrolet Corvette ZR1.

Трансформација во класичен стил од 1950-те години на минатиот век, би требало да има погон од biturb бензински мотор со работен волумен од 6,266 кубни сантиметри со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќност од 766 KС.

Моторот би требало да доаѓа во комбинација со осум степен  автоматски менувач на брзини и со погон на тркалата од задната оска.

Таа комбинација би требало да му гарантира супериорни перформанси: забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди и постигнување н максимална брзина од 350 км/ч.

Многу што зависи од развојот на пазарот во наредните месеци, но ако ситуацијата се смири, идната 2021 година на салонот за автомобили во Детроит – NAIAS’2 , ќе го видиме Chevrolet Corvette

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL