Chevrolet Equinox EV

Во есента 2023 година, Chevrolet ќе ја прошири својата палета на електрични возила за да го вклучи Equinox EV, достапен и функционален компактен SUV што во САД ќе има стартна цена од околу 30.000 долари.

Автомобилот ќе ја користи Ultium платформата на GM, а во понудата ќе бидат вклучени пакети со опрема LT и RS.

Equinox EV ќе има, меѓу другото, 11,0-инчен дигитален инструмент табла и 17,0-инчен централен екран на допир.

„Equinox отсекогаш играл важна улога за брендот  Chevrolet “, рече Стив Хил (Steve Hill), потпретседател на Chevrolet. „Обезбедувањето на прифатлива опција за EV во најголемиот сегмент за волумен во индустријата докажува дека Chevrolet ќе го направи EV-то достапно за секого“.

Се очекува досег над 400 километри, додека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz