Палетата на брендот Chevrolet во Кина е проширена со новиот кросовер Seeker кој на пазарот ќе излезе наесен.
Покрај првите фабрички слики, достапни се и димензиите и податоците за моторот.
Во однос на димензиите, Seeker е долг 4537 mm, широк 1823 mm, висок 1564 mm, со меѓуоскино растојание од 2700 mm и тркала од 17 и 18 инчи.
Засега е потврдено дека понудата ќе вклучува 1,5-литарски турбо бензинец со 179 КС и погон на предните тркала (останува да се види дали ќе биде достапен во комбинација со погон 4х4), но би можел да се понуди друг мотор подоцна.
Исто така, Seeker ќе се нуди во поспортска RS верзија, со црни елементи на надворешноста, црвена значка RS, како и префинет ентериер (со два екрани од 10,25 инчи).