Chevrolet Silverado ZR2 Bison

Chevrolet Silverado ZR2 Bison моделот 2023 година е уште еден робустен pick – up модел создаден во соработка на General Motors и American Expedition Vehicles (AEV)….

Овој модел би требало да влеза во производство на почетокот на претстојната 2023 година и ќе стартува на американскиот пазар по цена од 78.490 американски долари.

Според тоа, основата е Silverado ZR2, додека пакувањето Bison подразбира поагресивен изглед , благодарение пред се на предниот дел со челични елементи, со посебно место за вградување на изборниот (опција) вител.

Од Chevrolet проценуваат и  подобрување на теренските способности на Bison: што во „превод“ значи поголем агол на приближување што би треба да се зголеми на 32,5 степени, додека пак аголот на заминување изнесува 23,4 степени.

Покрај тоа овој робустен pick –up се наоѓа на тркала со големина од 18 инчи, со сјајна црна завршница и со 33-инчни гуми од типот Goodyear Wrangler Territory MT.

Исто така, Chevrolet Silverado Bison, има повеќе заштитни плочи, меѓу другото за заштита на диференцијалот на двата краја, како и за заштита на резервоарот за гориво.

Chevrolet Silverado ZR2 Bison вози на DSSV амортизери и пружини на Multimatic.

Оваа верзија има црна решетка со лента во боја на каросеријата, додека задниот дел добива мат црна завршница на задната врата, за уште повпечатлива попјава.

Внатре, амблемот AEV е на предните потпирачи за глава, а има и патосници за сите временски услови.

На крајот збор, два и за погонската единица. Станува збор за Мотор што е „позајмен“ од стандардниот ZR2, што значи агрегат со работен волумен 6,2 – литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V8 кој располага со моќност од 420 КС и 624 Nm максимален вртежен момент.

Оваа моќна погонска единица  поврзан со десет (10)-брзински автоматски менувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен RAM 1500 Revolution

Електричен Jidu Robo-01

Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Stelvio го добија својот прв „Face-lift “

Конечно првиот електричен Abarth!

Mazda CX 80 пристигнува вгодина

Електричен Aiways U6

GMC Sierra EV Denali Edition 1

Новата Toyota Corolla Cross- Создадена за новите животни авантури

VW Trinity целосно ќе ги трансформира EV на марката во 2026 година