Chevrolet со нов систем што условува врзување на појас

Производителот на автомобили од САД – Chevrolet  вовел нов систем за условување на возачот да го врзе безбедносниот ремен …

Бидејќи возачите пронајдоа начин да го згаснат иритирачкиот звук што се јавува кога нема да се врзе појасот во Chevrolet се одлучиле на драстичен чекор …

Под името Buckle to Drive, во Chevrolet е воведен систем во кој автомобилот не му дозволува на возачот да го задвижи менувачот и да вметне во брзина додека не го врзе безбедносниот појас.

Тој систем е дел од кампањата на Chevrolet тинејџерите што им овозможува на родителите да ги следат возачките навики на своите деца, со помош на лимитирање на брзината и безбедносните системи со чие вклучување се активира и автомобилот.

Системот за врзување на безбедносен ремен работи според едноставен принцип  – ако автомобилот е запален без возачот да се врзе со сигурносниот ремен, менувачот останува блокиран до 20 секунди или додека возачот не се врзе со појасот, во зависност од тоа што прво ќе се случи д тие две работи.

Меѓутоа, системот се гаси по протокот на 20 секунди, a „Chevy“ објасни дека истиот е лимитиран на тоа време  бидејќи повеќе од 70% од возачите се обидува да го задвижи возилото во тој период откако ќе го стартува автомобилот.

„ Поради тоа мислиме дека времето од 20 секунди ќе создаде реална навика и ќе ги охрабри тинејџерите да се врзат со појас пред да појдат со возилото “,  велат во General Motors, кој е сопственик на брендот Chevrolet.

Напомнуваме дека GM не е прв производител што го вовел овој систем. Сличен постојал во законот пред 40 години.

Имено, Владата на САД во 1974 година дури ги условувала производителите возилата да имаат заклучено палење што го спречува стартот на моторот додека не се врзе појасот.

Меѓутоа, поради притисокот на јавноста овој закон е укинат, a воведен е закон за системот за предупредување во возилата за врзување на безбедносниот појас.

Системот на Chevrolet ќе биде дел од стандардната опрема во моделите  Traverse, Malibu и Colodaro што во продажба ќе бидат веќе од летово тековната 2019 година.

Со текот на време, се очекува, системот да се имплементира и во другите модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми